Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро во својот возен парк од 2014 година има Ламбурџини Авентадор кое го плати 400.000 евра.
Во разговор за „Канал Америка“ тој призна дека тој скапоцен автомобил не го вози многу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам зошто го купив Ламбурџинито. Во седум години со него поминав само 1200 километри. Веќе две години размислувам зошто воопшто го купив. Стои надвор и собира пајажина, фрлив пари на него“, изјави Агуеро.
Агуеро во Манчестер Сити пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони евра. Во девет ипол години на „Етихад“ постигна 256 голови со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот.