Дома Трансфер зона Aгентите видени во Барселона: Одново се преговара за Лаутаро!

Aгентите видени во Барселона: Одново се преговара за Лаутаро!

Шпанските медиуми пред неко два дена објавија дека Барселона ги обновила преговорите за доведување на Лаутаро Мартинез од Интер, а сега има дополнување на оваа информација.

Барселона веќе некое време се споменува како нов тим на Лаутаро Мартинез и познато е дека Меси има жалба да игра заедно и на клупски план со својот сонародник.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Наводно, агентите на Мартинез Бето Јакуе и Роландо Зарате допатувале во Барселона за да преговараат со Барселона. Нареден чекор на претставниците на Мартинез се преговори со „нероаѕуирте“. Интер од друга страна се надева дека ќе го убеди Лаутаро да потпише нов договор со зголемена откупна клазула од 111 милиони евра.

Се шпекулира дека менаџерите повеќе преферираат Мартинез да се пресели на „Ноу Камп“, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…