Светски шампион во ФИФА 19 стана 22 годишниот играч Вердер Мухамед „МуОбамејанг“.
Изминатиот викенд на завршницата на ФИФА еСветскиот куп во О2 Арената во Лондон изненадувачки успеа да ги надигра најдобрите играчи во светот и тоа му донесе 250.000 долари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Никој не очекуваше дека помеѓу 32-та најдобри светски играчи на крајот ќе победи „МуОбамејанг“, веројатно ниту тој самиот. Меѓутоа тој отиде до самиот крај и во финалето со вкупен резултат од 3:2 го надигра Саудиецот Мусад „МсДосуари“ кој беше минатогодишен шампион. Со тоа тој стана и првиот Германец кој ја освоил светската титула во ФИФА.
Трофејот на победникот му го додели Вилфред Заха, а на церемонијата присуствуваше и бугарскиот легендарен фудбалер Димитар Бербатов.