Дома Фудбал Aнчелоти за изјавата дека пеналот бил измислен може да заработи жестока суспензија?

Aнчелоти за изјавата дека пеналот бил измислен може да заработи жестока суспензија?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти воопшто не беше среќен по ремито на неговиот тим против Џирона (1-1) во 13. коло од шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид поведе со голот на Винисиус Жуниор, по што Џирона доби пенал по наводна игра на Марко Асенсио со рака во казнениот простор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кристијан Стуани погоди од пенал за 1-1, а во финишот се случуваше драма кога на Родриго му беше поништен гол поради прекршок врз голманот на Џирона.

„Вообичаено не зборувам за вакви работи, но денеска не можам да молчам. Првата ситуација беше јасна. Асенсио не играше со рака, зборував со него и тој ми потврди. Неговата лева рака беше во необична позиција и доколку ја допреше топката, тогаш немаше да има сомнеж за пенал. Не знам од каде го измислија пеналот“, вели Анчелоти.

По ваквата изјава на Анчелоти судиското тело поднесе жалба до дисциплинската комисија, а ако се потврди дека италијанскиот стратег немал основа за вакви критики може да заработи жестока суспензија.

Суспензијата за вакви изјави може да биде од два до четири натпревари. Во изминатите години имало случаи и каде што тренерите се казнувале и каде што обвиненијата биле отфрлани. Минатата сезона Хозе Луис Гаја доби четири натпревари суспензија за критики кон судиите по мечот Валенсија – Осасуна во април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mислев дека ќе ме избркаат од Реал кога го повредив Зидан

Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот …