Дома Македонски спорт Мак фудбал Aнгеловски го објави списокот за Финска и Азербејџан

Aнгеловски го објави списокот за Финска и Азербејџан

Пред сениорската репрезентација се два подготвителни натпревари кои ќе бидат одиграни во Анталија.

Прво на 23 март избраниците на Игор Ангеловски ќе играат против Финска, а четири дена подоцна против Азербејџан.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Денес Ангеловски го објави списокот за овие две средби, а единствена измена во однос на претходните средби е враќањето на младиот голман кој ги брани во младинските категории на Арсенал, Дејан Илиев. Тој е повикан на местото на повредениот Дејан Митов Нилсен.

Можеби за многумина е изненадување што во составот го нема Бесарт Ибраими кој прикажуваше одлични настапи во дресот на Шкендија.

Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев

Одбрана: Стефан Ристовски, Ѓоко Зајков, Кристијан Тошевски, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Висар Муслиу

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езгјан Алиоски, Марјан Радески, Ферхан Хасани

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПМФЛ: Струга го прегази Вардар, Работнички нов лидер

Денеска во рамките од деветтото коло во македонската прва лига се одиграа шест натпревари …