Јувентус утре со почеток од 20:45 часот го игра дербито против Рома на својот стадион, а сите ги интересираше дали Паоло Дибала ќе биде во стартниот тим.
Дибала се врати во првиот тим на Јувентус во куп натпреварот против Џенова во кој постигна гол и запиша асистенција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Марио Манџукиќ минатата недела беше стрелец во победата против Болоња, но во истиот натпревар заработи и повреда.
„Се уште не сум одлучил кој ќе игра, но можам да кажам дека сум среќен што Дибала им се врати на головите. Во 2017 година одигра 38 натпревари, тоа е навистина многу и не разбирам што е спорно во тоа што беше на клупата на два натпревари“, изјави Алегри и продолжи:
„Буфон и Де Шиљо сигурно нема да бидат во составот, Манџукиќ и Квардадо се вратија на тренинзите па би требало да бидат на располагање за утрешниот натпревар. Но за тоа ќе одлучам подоцна. Манџукиќ ни е потребен поради техничките и физичките квалитети, него во тимот може да го замени само некој брз играч“.
„Не сум сигурен дали во средниот ред ќе играм со два или три фудбалери, но знам дека Дибала и Манџукиќ можат да играат заедно во составот со тројца фудбалери за врска“, заврши Алегри.