Голем број фудбалери и спортисти воопшто донираат во своите држави во борбата против коронавирусот, меѓутоа Емануел Адебајор не е помеѓу нив.
Адебајор доби критики затоа што не донирал, но него не му е гајле за тоа и нема намера да донира средства.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За сите оние кои ме критикуваа – ниту сум донирал, ниту ќе го направам тоа. Го правам тоа што го сакам, го јадам тоа што го сакам…Луѓе кои зборуваат секогаш ќе има. Веројатно и јас го донесов вирусот во моето место, Ломе (главнито град на Того). Тоа беше несреќен случај, но тоа е што е“, порача Адебајор.
Потоа доби порака дека играч икако Дрогба, Ето и некои други донирале.
„Можете да ме споредувате, но јас не сум ниту Дрогба, ниту Ето, јас Емануел Адебајор“, заврши славниот фудбалер.