Дома Фудбал Италија Aгентот на Пандев: Горан не се врати во Интер за да ја спаси Џенова

Aгентот на Пандев: Горан не се врати во Интер за да ја спаси Џенова

Агентот на Горан Пандев зборуваше за италијанските медиуми и потврди дека Пандев во јануари имал понуда да се врати во Интер, но и потенцираше дека Гоче останал за да ја спаси Џенова што на крајот и се случи.

Леонардо Корси кој е агент на нашиот капитен освен за ситуацијата на Пандев во интервјуто најави и можни трансфери на македонски фудбалери во Италија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Пандев ќе потпише нов договор со Џенова, претседателот тоа го сака. Тој игра во супер форма и ќе продолжи така. Ќе ја заврши кариерата тука. Горан е всушност како Италијанец, има италијанско државјанство и сите негови деца се родени тука“.

„Во јануари имаше романтична понуда од Интер, но Џенова требаше да се спаси. Горан е еден од најважните играчи, тоа го покажуваат и бројките па остана за да ја спаси. Поврзан е со боите на овој клуб и не сакаше навивачите да тагуваат“.

„Пандев е пример за националниот тим на Македонија кој се обидува да се квалификува на ЕП. Тој е лидер на тимот во кој играат Ристовски, Елмас, Барди…Ќе препорачам македонски фудбалери на неколку италијански тимови, истото ќе го направам и со играчи од Академија Пандев“, изјави Корси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…