Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Имаме нов рекорд, Погба сака во Барселона, Мурињо брза, Модриќ разговарал со Перез…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Имаме нов рекорд, Погба сака во Барселона, Мурињо брза, Модриќ разговарал со Перез…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.

Секако денес и утре очекуваме најинтересно да биде во Англија каде што клубовите немаат многу време за реализација на трансферите. Преодниот рок на Островот се затвара утре во 17:00 часот!

– Откако вчера беше објавено дека се пред ангажман на Кепа Аризабалага и Матео Ковачиќ, денес во медиумите се појави вест и дека Челзи ќе го реализира трансферот на Набил Фекир (ОВДЕ)

– Пол Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед! (ОВДЕ)

– Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг ја одбил понудата од Јунајтед (ОВДЕ)

– Потенцијалниот трансфер на Модриќ и денес е актуелна тема. Наводно веќе Реал ги избрал тројцата канидати кои можат да го наследат и тоа се Кристијан Ериксен, Тиаго Алкантара и Сергеј Милинковиќ Савиќ (ОВДЕ)

– Тибо Куртоа веќе утре се очекува да пристигне во Мадрид и да го комплетира трансферот во Реал (ОВДЕ)

– Претседателот на Лацио Клаудио Лотито смета дека Милинковиќ Савиќ вреди многу повеќе од Погба (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Челзи ја плаќа клазулата за Кепа имаме нов рекорд кога се голманите во прашање! (ОВДЕ

– Евертон и Вест Хем размислуваат за ангажман на Дени Дринквотер од Челзи.

– Никола Калиниќ е пред официјализација на трансферот во Алтетико Мадрид, Милан ќе добие 15 милиони евра.

– Освен Дени Дринквотер, Евертон покажал интерес и за ангажман на Курт Зума.

– Официјално: Наполи го доведе десниот бек на Лил, Кевин Малкуит.

– Oд Турција пристигнуваат информации дека агентот на Домагој Вида се наоѓа во Лондон каде што се очекува да го комплетира трансфер на стоперот во редовите на Арсенал (ОВДЕ)

– Нови информации во врска со трансферот на Матео Ковачиќ. Наводно во неговиот договор за позајмица ќе има и опција за откуп, но се уште ништо не е потврдено.

– Мануел Пелегрини започна преговори со Барселона за доведување на Андре Гомеш во Вест Хем.

– OД ШПАНИЈА ПРИСТИГНУВААТ НОВИ ВЕСТИ: Модриќ разговарал со Перез и изгледа – останува во Мадрид! (ОВДЕ)

– Медиумите очекуваат, Матео Ковачиќ до вечер да пристигне на медицински прегледи во Лондон (ОВДЕ)

– Ова се 20-те играчи кои до утре до 17:00  до затварањето на преодниот рок би можеле да пристигнат во Англија. (ОВДЕ)

– Одлучена судбината на Левандовски! Полскиот голгетер останува во Баерн Минхен. (ОВДЕ)

– Жозе Мурињо не се откажува и во последните моменти од преодниот рок ќе се обиде да го доведе Хари Мегваер (ОВДЕ)

– НАЈВНОВА ВЕСТ ЗА СЛУЧАЈОТ МОДРИЌ: Перез е спремен да ја израмни понудата на Интер! (ОВДЕ)

– Тотенхем е спремен да понуди 25 милиони евра за играчот на Астон Вила, Џек Грилиш (ОВДЕ)

– Бакајоко се поблиску до Милан (ОВДЕ)

– Унаи Емери во последните 24 часа од преодниот рок би можел да го доведе Осман Дембеле од Барселона (ОВДЕ)

– Бернард пристигна на прегледи во Евертон.

– „СЛУЧАЈ“ МОДРИЌ: Хрватот го напуштил тренингот еден час порано, Интер спрема неморална понуда, очекувањата се дека заминал на состанок со Перез. Според некои информации во Мадрид е претставникот на Интер Џузепе Рисо.

– Напаѓачот на Манчестер Сити кој е во втор план, Украинецот, Зинчеко е пред трансфер во редовите на Вулверхемптон

– ОФИЦИЈАЛНО: Тибо Куртоа во Реал Мадрид, Матео Ковачиќ во Челзи! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…