Дома Топ вести Реал бара замена за Модриќ – ова се тројцата кандидати!

Реал бара замена за Модриќ – ова се тројцата кандидати!

Иднината на Лука Модриќ е една од најжешките трансфер теми ова лето. Денес е „денот Д“ бидејќи фудбалерот ќе има срдба очи во очи со претседателот Флорентино Перез.

На средбата Модриќ јасно ќе му ја каже желбата да се пресели во Интер, кој му нуди 10 милиони евра по сезона. Хрватот смета дека неговиот циклус во Реал Мадрид е завршен и сака да ја промени средината.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Марка“ пренесува дека „кралевите“ веќе ја почнале потрагата по заменик за Модриќ и на спосокот се наоѓаат тројца кандидати. Преодниот рок во Шпанија завршува на 31-ви август, но проблем е што во некои други првенства завршува порано, па Реал ќе мора брзо да реагира.

Најголема желба на Перез е ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен. Факт е дека Данецот игра нешто поофанзивно од Модриќ, но во Мадрид се убедени дека тој е иделаната замена. Сепак, трансферот е тежок за реализација бидејќи Тотенхем е тежок преговарач, а трансфер пазарот во Премиер лигата завршува утре.

Втората желба е миленикот на Лопетеги, Тиаго Алкантара од Баерн Минхен. „Кралевите“ одамна го следат 27-годишниот плејмејкер и сакаа да го донесат уште кога играше за Барса, па ова би било идеална шанса. Шпанскиот репрезентативец игра на местото на Модриќ и сигурно би бил идеална замена.

Третата опција е Милинковиќ- Савиќ за кого Лацио е спремен да преговара, но бара 120 милиони евра. Србинот е нешто поофанзивен профил на фудбалер, па поради тоа е трета опција за „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…