Дома Фудбал Италија Лотито: Милинковиќ-Савиќ вреди повеќе од Погба, не прифаќам трампи и позајмици!

Лотито: Милинковиќ-Савиќ вреди повеќе од Погба, не прифаќам трампи и позајмици!

Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и неговата цена вртоглаво расте од ден на ден.

Многу еврпски гиганти се поврзуваат со евентуален трансфер на Србинот, но претседателот на Лацио Клаудио Лотито тврди дека до сега не пристигнала ниту една понуда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лотито притоа истакна дека Милинковиќ-Савиќ вреди повеќе од Погба и дека нема прифаќа трампи и позајмици.

„Сергеј е најдобриот млад играч во светот со огромен простор за напредок. Немам добиено конкретна понуда од Милан, ниту од Јувентус или пак Реал Мадрид или Манчестер јунајтед“.

„Она што е најважно, не форсирам негова продажба, а лани кажав дека одбив 110 милиони евра. Тоа беше за тогаш. сега вреди и повеќе и морам да кажам дека ако некој сака да го купи, не ме интересираат никакви позајмици или трампи – само пари“, изјави Лотито.

„За колку беше продаден Пол Погба на Манчестер јунајтед? За 110 милиони евра? Епа Милинковиќ Савиќ вреди повеќе“, заклучи на крајот претседателот на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…