Дома Фудбал Англија АНГЛИЧАНИТЕ ОДБРОЈУВААТ ДО КРАЈОТ НА ТРАНСФЕР ПЕРИОДОТ: Еве кои 20 играчи би можеле да пристигнат на Островот до утре

АНГЛИЧАНИТЕ ОДБРОЈУВААТ ДО КРАЈОТ НА ТРАНСФЕР ПЕРИОДОТ: Еве кои 20 играчи би можеле да пристигнат на Островот до утре

premier league

За разлика од претходните, Анличаните оваа година одлучија трансфер периодот да заврши пред почетокот на новата сезона.

Така останаа последните часови до крајот, бидејќи „купувањето“ завршува до крајот на утрешниот ден. Токму денеска и утре би можеле да дојде до трансфери кога станува збор за англиските прволигаши. Затоа медиумите во јавноста објавија 20 трансфери за кои најверојатно ќе се случат до крајот на овој трансфер период.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои од нив се навистина блиску до реализација, додека некои се само шпекулација. Тука се 20 евентуални трансфери, а барем пола од нив би требало да се случат. Затоа од тие 20, ќе издвоиме некои.

Најдобриот играч на Лион од претходната сезона би можел да ги засили редовите на Челзи. Откако целото лето се пишуваше дека репрезентативецот на Франција ќе го засили Ливерпул, пред неколку дена се појави информација дека напаѓачот сепак ќе си оди во синиот дел од Лондон. Како што се пишува, трансферот е блиску до реализација.

Челзи е заинтересиран и за Матео Ковачиќ кој сака да го напушти Реал Мадрид. Репрезентативецот на Хрватска не доби простор за игра, а изгледа дека не е во првите планови кај новиот тренер Лопетеги. Побарал прекин на договорот, а од Реал соопштија дека се е во ред и дека играчот тренира. Како и да е, останаа уште 48 часа до реализирање на трансферот.

Исто како и случајот со Ковачиќ, ниту Мина нема простор за игра во Барселона, така да речиси сигурно ќе ја напушти Каталонија во следните часови. Стоперот требаше да се пресели во Манчестер Јунајтед, но поради не интересот на Мурињо, Барса го одби. Играчот така ќе си оди во Евертон.

ОСТАНАТИ ТРАНСФЕРИ:

Бернард (Шахтјор – Евертон)

Џек Грилич (Астон Вила – Тотенхем)

Пако Алкасер (Барселона – Ватфорд)

Џек Бутланд (Стоук – Челзи)

Лукас Перез (Арсенал – Вест Хем)

Кепа Аризабелага (Билбао – Челзи)

Адама Траоре (Мидлсборо – Вулверхемптон)

Џаои Бартон (Бристол – Астон Вила)

Рајан Вудс (Брентфорд – Свонси)

Маркос Рохо (Јунајтед – Евертон)

Џош Онома (Тотенхем – Фулам)

Бен Гибсон (Барнли – Лестер)

Питер Крауч (слободен играч – ВБА)

Крис Смолинг (Јунајтед – Лестер)

Џејмс Вардс (Саутемптон – Ватфорд)

Вилфред Заха (Кристал Палас – Тотенхем)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…