Дома Трансфер зона „Сан“ тврди: Ковачиќ до вечер на прегледи во Лондон!

„Сан“ тврди: Ковачиќ до вечер на прегледи во Лондон!

kovacic

Англискиот таблоид „Сан“ пренесува дека играчот за врска Матео Ковачиќ денес би требало да пристигне во Лондон на прегледи.

24 годишниот Ковачиќ одби да тренира откако Реал три пати го одби неговото барање за трансфер. Хрватот бојкотот го прекина во вчерашниот ден, но се пожали на болка и не го одработи тренингот во целост и тоа изгледа беше неговиот последен тренинг во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лопатеги од друга страна пак изјави дека не може да го разбере однесувањето на играчот.

Во Мадрид Ковачиќ пристигна пред три година за оштета од 31 милион евра и со овој клубо свои три титули во Лигата на шампионите, сепак Хрватот сака клуб во кој ќе има поголема улога. За европскиот шампион за три сезони одигра помалку од 1000 минути.

На крајот, Реал одбиваше да го продаде, се додека фудбалерот не се посложу со радикални мерки.

До крајот на денот се очекува тој да пристигне во Англија и да го комплетира трансферот во екипата предводена од Маурицио Сари. „Сан“ додава и дека „сините“ во овој трансфер го победиле Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…