Општо е познато дека Нејмар не е во најдобри односи со Едисон Кавани.
Соиграчите во ПСЖ имаа многу недоразбирања, во Франција е познат случајот „Пенал“, но во соблекувалната тоа не делува баш најдобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата играчи се во спротивни „кланови“, Нејмар ги предводи Бразилците, додека Кавани е во групата на останати играчи од Јужна Америка.
Поради тоа, каталонски Спорт, пишува дека Бразилецот и предложил на управата на ПСЖ да го продаде Кавани и на негово место да го донесе Луис Суарез.
Како што се наведува, Парижаните немаат ништо против да го продадат Уругваецот, а можна дестинација е враќање во Наполи.
„Светците“ ќе се обидат да го донесат Суарез, а кој заедно со Меси и Нејмар го сочинуваа Трио фантастико, не само на теренот, туку и надвор од него како добри пријатели.
Во повеќе наврати се најавуваше дека шпанскиот шампион би можел да го продаде својот напаѓач, но со оглед на тоа дека Антоан Гризман остана во Атлетико, сега шансите се помали.
Сепак каде има чад…