Фудбалерите на Барселона не присуствуваа на церемонијата во Цирих, каде ФИФА ги додели наградите за најдобрите во 2016-та, а тоа воопшто не му се допадна на Дани Алвеш.
Поранешниот фудбалер на Барселона на свечената церемонија даде кратка изјава во која ги критикуваше своите поранешни соиграчи од Барселона, кои одлучија да не се појават во Цирих на доделувањето на наградите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Според мене требаше да дојдат. И повеќе од подготвени се за натпреварот во среда. Треба да ја почитуваме нивната одлука, но мислам дека требаше да дојдат. На сцената видов многу од белите и се почувствував лошо“, изјави Алвеш.
Официјалното образложение од Барселона по овој повод беше дека екипата се фокусирала на мечот од Купот против Атлетик Билбао, кој се игра во среда, па затоа во Цирих не се појавија Меси, Нејмар, Пике, Иниеста и Суарез.