После Салзбург, Лајпциг и Њујорк, компанијата за производство на енергетски пијалоци Ред Бул наскоро планира да влезе и во Премиер лигата.
Според информациите од Англија, Австријците сакаат да го купат Вест Хем и на тој начин да ја продолжат фудбалската империја што ја создаваат над една деценија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сопственици на Вест Хем се Дејвид Голд и Дејвид Саливен, а вредноста на лондонскиот клуб се проценува на околу 200 милиони фунти што сигурно нема да биде проблем за „Ред Бул“. Со оглед на тоа што Вест Хем има и долгови, Саливен неодамна изјави дека е можно наскоро да ги продаде своите акции и да се дистанцира од клубот.
Инаку, „Ред Бул“ неодамна го продаде својот клуб во Гана, а формира нов во Бразил под името Ред Бул Бразил. Најдобар пример за работата на оваа компанија е Лајпциг кој оваа сезона влезе во Бундеслигата и веднаш се искачи на врвот.