Дома Фудбал Англија Мурињо по поразот од Тотенхем: „Сакам да бидам прв од последните“

Мурињо по поразот од Тотенхем: „Сакам да бидам прв од последните“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истакна дека сегашната цел му е да биде „прв од последните“. По последниот пораз против Тотенхем во средата, Мурињо призна дсека Јунајтед нема шанси да го стигне лидерот Манчестер Сити, но дека екипата има други амбиции.

Дуелот со „Хадершфилд“ ни е важен, бидејќи ни требаат бодови да бидеме „први од последните“, истакна Мурињо.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Мора да се обидеме да завршиме на втората позиција. Ние сме на оваа позиција во текот на цела сезона, бевме први првите неколку недели и потоа постојано бевме втори“.

„Не се сеќавам дека сме биле четврти, петти или шести. Од почетокот на сезоната сме подобри од изминатата сезона во секој поглед – освоени бодови, позиции, број на постигнати погодоци, во се. Затоа мораме да се обидеме да останеме таму и тоа не е лесно, бидејќи имаме добри тимови околу нас. Челзи е шампион, Ливерпул има одличен тим, Арсенал се подобри на пазарот“, смета Португалецот.

„Тотенхем е фантастичен тим и само пет бодови се зад нас, работиме одлучно, со некои негативни моменти. Средата беше еднаш. Важно е да бидеме подобри од изминатата сезона и ако не победуваме, важно е да работиме добро“, додаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер ја исполнува желбата на Аморим и тоа ќе го чини 80 милиони евра

Манчестер јунајтед заврши работа за која се зборува од почетокот на летото и договори уште…