Дома Фудбал Неверојатен потег, но сè за пари: Манчестер Јунајтед ја продава сопствената историја

Неверојатен потег, но сè за пари: Манчестер Јунајтед ја продава сопствената историја

Во Манчестер Јунајтед дојдоа до генијална идеја. Одлучија да ги продадат деловите од стариот тревник и сигурно ќе заработат дополнително.

Манчестер Јунајтед не започна најдобро во новата сезона. Во моментов, Црвените ѓаволи се наоѓаат на 12-то место во Премиершип, па веќе се слушаат алармите на Олд Трафорд.

Сепак, од маркетиншки аспект, клубот прави сè како би профитирал од финансиска страна и сега најдоа необичен начин за дополнителна заработка, но и да им понудат на навивачите спомен што не може да се најде во обичната клупска продавница.

Славниот Олд Трафорд доби нова трева, а деловите од стариот терен сега се продаваат на навивачите за 125 фунти. Клубот внимателно ја зачува тревата и ја постави во мали проѕирни коцки, кои доаѓаат во посебна кутија со фотографија на стадионот.

Станува збор за тревникот кој во текот на последните 14 години беше поприште на големи победи, но и некои од најболните порази на Манчестер Јунајтед. Теренот летово беше првпат по 14 години комплетно отстранет до темел, а работите беа извршени за да се подобри дренажата и условите за играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингам ја виде понудата и веднаш кажа „да“: Ќе потпише на пет години!

Англискиот репрезентативец ја прифати понудата и ќе потпише договор на пет години. Реал Ма…