Дома Фудбал Ново големо признание за Пројоковска: Ќе го суди дербито во женската Лига на шампиони

Ново големо признание за Пројоковска: Ќе го суди дербито во женската Лига на шампиони

Македонската судијка Ива Пројковска доби ново значајно признание од УЕФА, откако е делегирана да го води натпреварот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во женската Лига на шампиони.

Дуелот меѓу двата европски гиганти е закажан за вечерва од 21 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, во рамките на првото коло од новата сезона во елитното европско натпреварување.

За Пројковска ова е уште едно големо признание за нејзината работа на меѓународната сцена. Македонката во изминатиот период редовно добива доверба од УЕФА за натпревари од највисоко европско ниво, а сега ја очекува уште еден сериозен предизвик.

Во судиската екипа ќе има уште една претставничка од Македонија. Елена Соклевска-Илиевски ќе биде дел од составот, додека трет член е Летонката Диана Ванага.

Назначувањето на Пројковска е уште една потврда за нејзиниот статус во европскиот женски фудбал и за довербата што ја има од европската куќа на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави снимка на Димитриевски: Вдишува нешто и прави чуда на голот – еве за што станува збор! (Видео)

Шпанските телевизиски камери забележаа интересен момент со македонскиот репрезентативен го…