Дома Останати Кошарка Паника во Денвер поради Јокиќ: Србинот има 359,5 милиони причини да ги напушти Нагетс!

Паника во Денвер поради Јокиќ: Србинот има 359,5 милиони причини да ги напушти Нагетс!

По двете победи со Србија во квалификациите за СП следната година во Катар, Никола Јокиќ може целосно да се фокусира на НБА лигата.

Американските медиуми веќе неколку дена наназад се занимаваат со Никола Јокиќ и истакнуваат дека во актуелната сезона српскиот центар влегува во последната година на договорот со Денвер Нагетс.

Никола Јокиќ (31) моментално е под договор со Денвер Нагетс до јуни 2028 година, но го одложи потпишувањето на раното продолжување за да во 2027 година потпише најголем договор во историјата на НБА лигата. Следната година, Србинот ќе има право на петгодишен супермакс договор вреден 359,5 милиони долари. Ако кој случај Јокиќ реши сега да ја продолжи соработката, колективниот договор на НБА играчите и сопствениците на тимовите би му дозволувал да потпише договор со траење од четири сезони вреден 278 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ во Лејкерс добива балканско друштво?

Согласно информациите од НБА порталите, Лука Дончиќ би бил изразито задоволен доколку Лос …