
Во време кога нападите кон него се засилуваат од сите страни и кога неговото претседателско место во ФИФА е во ризик, изгледа дека Џани Инфантино целосно го изгубил правецот.
Како инаку да се објасни одлуката на Светското првенство за играчи до 15 години да учествуваат сите 211 нации-членки на ФИФА?
Точно прочитавте – на овој турнир ќе учествуваат 211 репрезентации.
Инфантино изјави дека тоа ќе биде голем фудбалски фест на кој ќе учествуваат над 4.000 момчиња од целиот свет.
Иако ваквата најавa може да звучи како остварување на сон за секое дете, дали навистина тоа е така? Ако нема систем според кој се одредува кои екипи ќе учествуваат, ако недостига натпреварувачкиот чин – зошто тогаш воопшто да се организира ваков фудбалски фестивал?
„Оваа година првпат ќе го организираме Светското првенство за играчи до 15 години, и сите 211 членки на ФИФА се поканети да учествуваат“, изјави Инфантино, што го пренесе Футо меркато.
Идејата на Инфантино е целосна глобализација на фудбалот со порака дека ова натпреварување има длабока општествена и спортска мисија: