
Челси постигна целосен договор за трансферот на левиот бек Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, објави најпознатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо со своето препознатливо „Here We Go!“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според Романо, 28-годишниот шпански дефанзивец ќе потпише долгорочен договор со лондонскиот клуб, а трансферот е вреден 19 милиони евра фиксна сума, со дополнителни 2 милиони евра преку бонуси.
Двата клуба ќе ја финализираат документацијата во текот на денот, по што се очекува трансферот и официјално да биде потврден.
Чаварија во изминатите сезони беше еден од најстандардните фудбалери на Рајо Ваљекано, а со своите настапи го привлече вниманието на Челси, кој продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона.
Со неговото доаѓање, „Сините“ добиваат дополнителна конкуренција на левата бековска позиција и уште една опција во одбранбената линија.