
Џани Инфантино е навикнат да биде во центарот на вниманието кога зборува за најголемите теми во фудбалот, Светските првенства и одлуките на ФИФА, но една стара снимка покажува дека понекогаш вниманието на јавноста може да биде привлечено и на сосема поинаков начин.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првиот човек на светскиот фудбал последниве денови повторно е хит на социјалните мрежи откако „ЕСПН“ ги потсети навивачите на интересна ситуација од една ревијална средба.
Станува збор за настан од пред неколку години, но реакциите се речиси исти како кога првпат се појави на интернет.
На снимката се гледа како Инфантино со капитенска лента на раката приоѓа кон знаменцето на корнер, решен самиот да го изведе прекинот.
Тој момент повторно стана вирален откако го сподели „ЕСПН“ на своите платформи.
.Претседателот на ФИФА Џани Инфантино ја зема капитенската лента и приоѓа да го изведе корнерот…
(via @sntvstory) pic.twitter.com/C39dmkX3jW— ESPN FC (@ESPNFC) 8 јуни, 2019