Дома Фудбал Македонија остана без Барди за натпреварите со БиХ и Турција!

Македонија остана без Барди за натпреварите со БиХ и Турција!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди нема да настапи на претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција поради повреда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонија в петок ќе гостува на стадионот Кошево во Сараево против БиХ, а на 1 јуни во Истанбул ќе одигра контролен меч со Турција. Иако Барди се приклучи на репрезентативниот собир, по направените медицински прегледи било утврдено дека не е подготвен за настап.

Од Фудбалската федерација на Македонија соопштија дека капитенот нема да му биде на располагање на селекторот за двата натпревари, додека засега останува неизвесно дали дополнително ќе биде повикан нов фудбалер на негово место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде за првпат се огласи за тепачката со Чуамени, еве што научил!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, проговори за инцидентот на тренингот со негови…