Дома Фудбал Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

По завршувањето на саботниот дуел меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, „црвено-црните“ ќе ја стартуваат официјалната прослава на шампионската титула, која ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На големото славје, покрај фудбалерите, ќе се приклучат и ракометарите на Вардар, кои исто така ја освоија титулата шампион на Македонија. Централниот дел од прославата ќе се случува кај „Школка“, каде што атмосферата дополнително ќе ја загрее настап на познат рок-бенд.

Од клубот најавуваат дека прославата ќе биде отворена за сите навивачи, кои ќе имаат можност заедно со своите миленици да го одбележат новиот шампионски успех.

Средбата меѓу Вардар и Шкендија се игра в сабота од 17 часот, по што ќе следува големата прослава во Градскиот парк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Франција: Навивачите на Нант упаднаа на терен, легендарниот Ваха тргна кон нив (Видео)

Во последниот натпревар од француската Лига 1 помеѓу Нант и Тулуз се случи голем инцидент …