
Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Сан Антонио Спарс со резултат 136:134 во саботата вечер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сан Антонио Спарс во саботата вечер го прекинаа низот од 11 последователни победи бидејќи загубија од Денвер Нагетс во полната Бол Арена во Колорадо.
Ова е осмата победа по ред за Денвер Нагетс!
Овој МВП дуел го одбележаа двајцата најдобри центри на денешницата Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.
Јокиќ запиша 40 поени со 8 скока, 13 асистенции, 3 блокади и ниту една изгубена топка!