
Фудбалерите на Барселона во 30. коло на Примера победија Атлетико Мадрид со 2:1 и така ја зголемија предноста пред Реал Мадрид кој денес не успеа на гостувањето кај Мајорка.
Атлетико прв дојде до водство во 39. минута, благодарение на голот на Џулијано Симеоне, но Барселона се врати по само три минути кога Маркус Рашфорд постигна гол за израмнување пред крајот на првото полувреме, кое заврши со црвен картон за Нико Гонзалес кај домашните.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На почетокот на второто полувреме, во 48. минута, Жерард Мартин направи остар прекршок врз еден играч на Атлетико и доби директен црвен картон, но ВАР ја промени одлуката на судијата и му покажа жолт картон на дефанзивецот на Барселона.
Во 60. минута Ламин Јамал имаше одлична шанса, но не погоди, идентично како и Феран Торес десет минути подоцна.
Каталонците го искористија својот играч повеќе во 87. минута од натпреварот. Жоао Кансело мајсторски продре по левата страна и шутна, но неговиот удар го одбрани Мусо, а топката го погоди Роберт Левандовски и заврши позади неговиот грб за победничкиот гол на Барселона.
Сега Барселона е прва на табелата со 76 бодови, седум повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, додека Атлетико е четврти со 57 бодови од 30 одиграни натпревари.
Во следното коло, Барселона ќе го пречека Еспањол во дербито на градот, додека Атлетико Мадрид ќе биде гостин кај Севиља.
Да додадеме дека овие ривали ќе се соочат и во четвртфиналето на Лигата на Шампионите, а првиот натпревар е закажан веќе во среда, додека реваншот ќе се игра следната седмица.