Дома Фудбал Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да открие дали има намера да остане на чело на “граѓаните” до истекот на својот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на „talkSPORT“, раководството на клубот предводено од спортскиот директор Уго Вијана, сè уште не е сигурно во намерите на Гвардиола. Се очекуваше каталонскиот стратег да ги сподели своите планови за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случи.

Шефовите на Манчестер Сити сакаат да дознаат во наскоро време дали Гвардиола ќе продолжи со својот ангажман, за да можат соодветно да ја испланираат селекцијата на тимот.

Раководството на клубот од „Етихад“ е отворено за двете можности. Тие се надеваат дека Гвардиола ќе го одработи договорот до 2027 година, но во овој момент не е јасно дали и тој го дели истото мислење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…