Дома Фудбал Договорот е конечен – се враќа Зинедин Зидан

Договорот е конечен – се враќа Зинедин Зидан

Фабрицио Романо повтори дека Зинедин Зидан ги договорил сите услови со Фудбалската федерација на Франција и дека усно сè е практично завршено, додека потписот ќе следи на лето.

Дидие Дешам ќе ја води Франција уште на Светското првенство во 2026 година, со што ќе го заокружи својот неверојатен пат кој траеше целосни 14 години.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Дешам ја презеде Франција во летото 2012 година, освои Светско првенство во 2018 година во Русија, изгуби две големи финалиња, на Европското првенство во 2016 година од Португалија и на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Што се однесува до Зидан, ова ќе биде неговата прва работа откако го напушти Реал Мадрид, по вториот мандат.

Зидан го водеше Реал во два наврати, од јануари 2016 до летото 2018, и во тој период освои дури три Лиги на шампиони, а потоа се врати во март 2019 и остана на клупата до летото 2021, од кога е без работа.

Тој никогаш не криел дека селекторската позиција му е најголемиот сон, па меѓувремено одби многубројни клубови како што се – Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова револуција: Светското клупско првенство ќе се прошири на 48 екипи!?

Светското клупско првенство на ФИФА би можело да доживее нова голема трансформација. Споре…