
Конор Галагер е еден од играчите кои лесно би можеле да го променат клубот во јануарскиот преоден рок.
Според последните информации, Галагер е незадоволен од својот статус оваа сезона, и без разлика што Диего Симеоне сака да го задржи, Англичанецот има примамливи понуди од Премиер лигата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Наводно, се споменуваат Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл, кои би го донеле на позајмица со можност за откуп следното лето.
Но, за Галагер најважно е да обезбеди постојана минутажа, бидејќи верува дека би можел да се наметне на Томас Тухел пред Светското првенство 2026 година.
Тој пристигна во Атлетико Мадрид летото 2024 година од Челзи за 42.000.000 евра, до сега има одиграно 75 натпревари, со седум голови и исто толку асистенции.