Дома Фудбал Eлмас: За Наполи ќе играм било каде!

Eлмас: За Наполи ќе играм било каде!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас откри детали за својата моментална улога во редовите на Наполи, нагласувајќи дека секогаш е подготвен да одговори на барањата на тренерот Антонио Конте, без оглед на тоа на која позиција ќе биде поставен.

Елмас истакна дека најмногу ужива кога настапува како плејмејкер, но тоа, како што вели, не го спречува да даде максимум и на други места во формацијата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Моја природна позиција е плејмејкер, но секогаш сум спремен да играм таму каде што му треба на тимот. Навивачите не секогаш сфаќаат колку е тешко кога не настапуваш на местото што најмногу ти одговара, но мојата цел е секогаш да го дадам најдоброто за Наполи“, изјави Елмас.

Македонецот беше стартер и го одигра целиот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт (0-0), а во второто полувреме имаше извонредна можност да го донесе својот тим во водство, но неговиот удар го одбрани голманот на германскиот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда која навивачите повеќе не сакаат да ја гледаат и Рубен Аморим се роднини!?

Се чини дека нов скандал е на повидок во Манчестер Јунајтед, а причина се тренерот Рубен А…