Дома Фудбал Надградба култниот стадион за милијарда евра: Ќе биде петти најголем на светот

Надградба култниот стадион за милијарда евра: Ќе биде петти најголем на светот

КУЛТНИОТ стадион во Австралија е пред значителна трансформација вредна милијарда евра, со што капацитетот ќе се зголеми на 105.000 седишта, а ќе се модернизира и трибината посветена на легендарниот крикет играч. Melbourne Cricket Ground, попознат како MCG, се наоѓа во австралиската сојузна држава Викторија. Овој спортски објект е еден од најпрепознатливите во светот со оглед на неговите импресивни димензии и долгата историја на врвни спортски и музички настани.

MCG е неразделно поврзан со крикетот, бидејќи токму на овој стадион се одиграле првиот тест-натпревар и првиот еднодневен натпревар во крикет. За време на поголемите натпревари, на трибините присуствуваат околу 95.000 гледачи. Од неговото отворање во далечната 1853 година, стадионот доживеа неколку реконструкции. Првиот голем проект беше во 1992, а вториот во 2006 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега се објавени плановите за третата фаза на работи со вредност од огромни милијарда и 115 милиони евра. Целта е капацитетот да се зголеми за дополнителни 10.000 седишта, што би овозможило стадионот да прима 105.000 посетители. За да се постигне тоа, планирано е модернизирање на култната трибина Shane Warne, именувана по австралискиот крикетер кој трагично почина во март 2022 на возраст од 52 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Остров од 150.000 жители чекор кон плсман на Светското првенство.!

Курасао, мало островче кое се наоѓа во јужниот дел на Карипското море, блиску до брегот на…