Дома Топ вести (Видео) Трајков со гол од пола терен ја израдува Македонија против Ерменија

(Видео) Трајков со гол од пола терен ја израдува Македонија против Ерменија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година запиша важна победа против селекцијата на Ерменија, триумфирајќи со 2-1 во натпреварот од третото коло во квалификациите за Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на селекторот тргнаа офанзивно од самиот почеток и уште во раните минути можеа да дојдат до водство преку Трајков, кој не успеа да ја реализира најголемата шанса во тој дел од натпреварот. Противникот ја искористи казната во 38. минута, кога Ховханисјан ја затресе македонската мрежа и донесе предност за Ерменија.

И покрај негативниот резултат, младите „црвено-жолти“ не се откажаа, продолжија со притисок и офанзивна игра, што резултираше со израмнување во 54. минута. Токму Трајков, кој претходно ја имаше најдобрата прилика, беше стрелец за 1-1 и ја врати неизвесноста во дуелот.

До комплетен пресврт дојде во продолжението, повторно благодарение на Трајков. Тој испрати долга топка кон ерменскиот гол, а чуварот на мрежата направи сериозна грешка во проценката, дозволувајќи топката да заврши зад неговиот грб за конечни 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…