
Финалето на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати заврши неочекувано. Јаник Синер не можеше да го заврши мечот против Карлос Алкараз. Италијанецот отворено ги објасни причините за неговото повлекување, кои се поврзани со сериозен здравствен проблем.
Синер откри дека веќе два дена е болен поради грип и дека не се чувствувал добро на теренот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Призна дека се чувствувал толку лошо што можел да се колабира во секој момент поради големата жештина во Синсинати.
„Чувствувам дека можам секој момент да се онесвестам на теренот. Жал ми е пријатели, не можам“, рече Синер уште на теренот, а по некое време објасни што се случило:
„Многу ми е жал што ве разочарав. Уште од вчера не се чувствувам добро, но денес ситуацијата е многу полоша. Не можев повеќе да издржам и искрено ми е жал. Честитам на Карлос на уште една титула. Ти посакувам сè најдобро на US Open. Понекогаш е вака и мораме да го прифатиме тоа“, рече Синер.
Фото: Принтскрин