Дома Останати Тенис Скандал: Тенисер суспендиран на осум години!

Скандал: Тенисер суспендиран на осум години!

Хрватскиот тенисер Лауро Милановиќ е суспендиран на дури осум години поради местење на натпревари, соопшти Меѓународната агенција за тениска интегритет (ITIA).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој тенисер, кој моментално нема ATP рангирање, беше прогласен за виновен за местење на натпревар во 2018 година.

Милановиќ тогаш постави 15 успешни обложувања на тениски меч во кој настапувал негов близок пријател. Бидејќи веќе две години одбива да го предаде својот телефон за вештачење, ITIA донесе конечна одлука за долгорочна суспензија.

Со оглед на тоа дека Милановиќ има 32 години, осумгодишната суспензија, која ќе трае до 29 мај 2033 година, речиси сигурно значи крај на неговата тениска кариера.

Покрај суспензијата, Милановиќ ќе треба да плати и парична казна од 10.000 американски долари.

Фото: ИТИА
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…