Дома Останати Тенис Ѓоковиќ до ново полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ до ново полуфинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во ново вкупно 14-то полуфинале за него на Вимблдон.

Тој во четвртфиналето денеска го победи Италијанецот Флавио Коболи со 3:1 во сетови (6:7(6); 6:2, 7:5 и 6:4). Следен противник ќе му биде уште еден тенисер од Италија, најдобриот светски играч Јаник Синер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ до триумфот стигна со пресврт откако неговиот ривал го доби првиот сет, во тај брејкот беше 8:6 на поени и поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет Ѓоковиќ заигра многу подобро и стигна до изедначување од 1:1 во сетови.

Во третиот сет по 5:5 српскиот тенисер успеа да одземе гем на сервис на ривалот, а потоа да стигне и до 7:5 во гемови. Во четвртиот сет Ѓоковиќ повторно во завршницата успева да направи брејк, овојпат во деветтиот гем и да поведе со 5:4 во гемови и потоа на свој сервис ја искористи третата меч топка. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби предупредување пред натпреварот со Синер во Австралија

Најдобриот тенисер на сите времиња – Новак Ѓоковиќ, треба да се најде на главниот те…