Дома Фудбал Тиквеш го промовираше германскиот инвеститор – Осман Таш!

Тиквеш го промовираше германскиот инвеститор – Осман Таш!

На стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци организираше прес-конференција на која официјално го претстави новиот германски инвеститор – Осман Таш.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој потенцираше дека клубот ќе добие неколку квалитетни засилувања со цел да се изгради конкурентен и амбициозен состав кој ќе се бори за врвните позиции во Првата македонска фудбалска лига.

„Пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, новиот газда акцент става на модернизација на тренажниот процес, професионален пристап кон фудбалерите, со максимална посветеност и влог во младите категории, за остварување на што подобри резултати во иднина, гледајќи го клубот во европските натпреварувања. Исто така најави отварање на голем фан-шоп во центарот на Кавадарци во соработка со навивачката група Лозари-Исток“, објавија од Тиквеш.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …