Дома Фудбал Мурињо: Ќе бидам лош и искрен, мило ми е што Интер нема да ја освои тројната круна

Мурињо: Ќе бидам лош и искрен, мило ми е што Интер нема да ја освои тројната круна

Жозе Мурињо беше тема на бројни дискусии пред финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Интер, за време на која отворено ја зборуваше својата врска со поранешниот клуб. Тој нагласи дека ги следел резултатите на Интер, но неговата изјава предизвика различни реакции кај навивачите. Португалскиот тренер најави дека ќе го следи натпреварот меѓу ПСЖ и Интер, кој ќе се игра во сабота на Алијанц Арена во Минхен.

Најголемиот тренерски успех Мурињо го оствари токму со Интер во 2010 година кога со клубот ја освои тројната круна – Серија А, Копа Италија и Лига на шампионите. Такво достигнување никој не го повторува во италијанскиот фудбал. И покрај наклонетоста кон поранешниот клуб, Мурињо призна дека не би му било драго некој да го повтори неговиот резултат од таа сезона. Смета дека успехот од 2010 е сè уште единствен и сака да остане таков.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мурињо во изјавата рече дека е задоволен што неговиот резултат и натаму останува неповторен: „Ќе бидам многу лош, но и максимално искрен. Се загрижив кога видов дека Интер може да ја освои триплетата. Не сакав да го направат тоа, триплетата е моја“, изјави со насмевка.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси се доближува до историски рекорд по надминувањето на Пеле

Лионел Меси го надмина рекордот на Пеле за голови од слободни удари, откако го постигна св…