Дома Фудбал Успешна сезона за Де Зерби: Марсеј на крилјата на Гринвуд и Гуири обезбеди место во ЛШ

Успешна сезона за Де Зерби: Марсеј на крилјата на Гринвуд и Гуири обезбеди место во ЛШ

Се очекуваше многу од доаѓањето на Роберто Де Зерби на клупата на Олимпик Марсеј минатото лето, очекувањата, барем за премиерната сезона, се исполнети.

Олимпик Марсеј коло пред крајот на француската Лига 1 го обезбеди учеството во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Марсеј, по прекинот предизвикан од случувањата на трибините, како гостин го победи Авр со 3:1 во 33. коло на француското првенство, и на тој начин стигна до 62 бода, моментално е втор на табелата зад неприкосновениот шампион Пари Сен Жермен, а во последното коло може да го премине само Монако, со кој заедно ќе биде меѓу европската елита.

Хероите на Марсеј се зимското засилување Амин Гуири со кој го погодија “џекпотот” и без конкуренција најдобриот играч на тимот во текот на целата сезона инспирираниот Мејсон Гринвуд кој ја воодушеви цела Франција.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал подготвува понуда од 60 милиони евра за Брахим Дијаз

Лондонскиот клуб наводно размислува за зимски потег за офанзивецот на Реал Мадрид, кој не …