Дома Фудбал Крос за Ачерби: Би сакал повеќе тој да ме чува отколку германски овчар

Крос за Ачерби: Би сакал повеќе тој да ме чува отколку германски овчар

Тони Крос, легендарниот играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот подкаст Einfach mal Luppen зборуваше за полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона, кој конечно заврши со вкупна победа од 7:6 за италијанскиот тим. Да потсетиме, Интер по ремито во Шпанија, на својот стадион славеше со 4:3 по продолженијата.

“Не можам да кажам дека сум фан на Интер, но с оглед на мојата кариера, вистина е дека Барселона ми е нешто помалку драга. Се радував кога Интер израмни на крајот од регуларното време. Мораме да му честитаме на Ханси Флик, неговата Барса моментално игра спектакуларен фудбал. Тешко е да се каже кој е подобар, Интер или Барса, но Италијанците се бранеа одлично, а притоа постигнаа 7 гола. Во одбраната имаат три бизони,” рече Крос и посвети неколку реченици на Интеровиот херој Франческо Ачерби.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“По славјето се виде дека не постигнува честопати. Доколку морам да изберам дали да ми ја чува куќата аларм, германски овчар или Ачерби, би го избрал Ачерби. Но, и Думфрис и Бастони се исто така машини, треба да им се симне капа, исто и на Барселона за одличниот фудбал”.

Фото: Inter/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…