Дома Останати Ракомет Македонија ја прегази Естонија, сега на ред е Литванија!

Македонија ја прегази Естонија, сега на ред е Литванија!

Македонската ракометна репрезентација впиша историски триумф на гостувањето во Талин, совладувајќи ја селекцијата на Естонија со убедливи 36-17. Ова е најголемата гостинска победа во историјата на нашата репрезентација, со што се испиша нова златна страница во македонскиот ракомет.

Избраниците на Кире Лазаров доминираа од првиот свиреж на судијата, наметнувајќи силно темпо и прецизна реализација во нападот, како и цврста одбрана. Филип Кузмановски беше најефикасен стрелец со шест голови, а солиден придонес дадоа и Мартин Серафимов со пет и Лазаревски со четири погодоци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голманите беа меѓу најзаслужните за високиот резултат – Никола Митревски имаше седум интервенции во првото полувреме, додека Томовски го затвори натпреварот со дури 13 одбрани во второто.

Македонија сега ги насочува сите сили кон последниот квалификациски натпревар против Литванија, кој ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во недела од 18:00 часот.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Скандал на Европското првенство: Судиите во последниот напад им помогнаа на Швеѓаните против Унгарците

Германските судии Роберт Шулце и Тобијас Тенис станаа главна тема на натпреварот меѓу Швед…