Дома Фудбал Францускиот репрезентативец по само две сезони си заминува од Челси

Францускиот репрезентативец по само две сезони си заминува од Челси

Дел од германските и англиските медиуми овој викенд објавија дека 27-годишниот повремен француски фудбалски репрезентативец Кристофер Нкунку решил ова лето да го напушти Челси.

Пред две години Нкунку пристигна во лондонскиот клуб со трансфер од Лајпциг. Претходно го носеше дресот на Лајпциг од 2019 до 2023 година и беше негов најдобар играч. За Лајпциг одигра 119 натпревари во Бундеслигата и постигна 47 голови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По доаѓањето во Челси, имаше проблеми и со повреди, но исто така во ниеден момент не се наметна на вистински начин и не успеа да се запише во стартната екипа. Вкупно има само 38 настапи во Премиер лигата и постигна шест голови, често влегувајќи од клупа за резерви. Во тековната сезона постигна три гола.

Не се знае каде би можел Нкунку да ја продолжи кариерата, која започна во Париз Сент Жермен. Челси моментално е петти на табелата во Премиер лигата и се бори за да осигура настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Во текот на кариерата, Нкунку собра 14 настапи за француската репрезентација со само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема штета: Германија остана без ѕвезда за Светското првенство

Фудбалерот на Баерн и репрезентативец на Германија, Серж Гнабри, соопшти дека поради повре…