Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз лесно, без никакви проблеми успеа да се пласира во четвртфиналето на Индијан Велс
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во осминафиналето тој го прегази Бугаринот Григор Димитров со 2:0, со резултати во сетовите 6:1, 6:1 за само еден час и 14 минути игра.
Алкараз веднаш направи брејк и имаше можност да води со 3:0, но Димитров успеа накратко да се извлече. Шпанецот потоа нанижа четири гема и го освои првиот сет.
По 1:1 во вториот сет, следните пет гема му припаднаа на Карлос и полесно од очекуваното се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Калифорнија.
Во следниот меч ќе игра против Аргентинецот Франсиско Серундоло, кој го победи Австралиецот Алекс де Минор со 7:5, 6:3.