Дома Фудбал Фенербахче застана во одбрана на Мурињо

Фенербахче застана во одбрана на Мурињо

Вчерашното дерби во Турција, помеѓу Галатасарај и Фенербахче, заврши без значајни моменти 0:0, но затоа поттикна реакции надвор од теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По завршувањето на натпреварот, Галатасарај поднесе обвинувања против 62-годишниот португалски тренер за „упорно правење навредливи коментари за турскиот народ“.

Причината за нивните обвинувања се заснова на неговата изјава во која критички го оцени однесувањето на луѓето на противничката клупа, користејќи споредба дека „скокаат како мајмуни“ за секоја судиска одлука.

Фенербахче денеска очекувано реагираше, застанувајќи во одбрана на Мурињо.

„Коментарот на Мурињо е изваден од контекст, ова е класична клевета која сака да предизвика дополнителен анимозитет меѓу двата клуба надвор од теренот. Мурињо опиша како се однесувала противничката клупа и го употреби зборот мајмуни. Кога некој ќе ви каже дека трчате како зајак, тоа не значи дека вие сте зајак. Јасно е дека нема никаков расизам во изјавата на тренерот“, велат од Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште не дојде на клупата на Реал Мадрид, а Жозе Мурињо веќе подготви болен удар на Барселона

Жозе Мурињо наскоро треба да биде официјализиран како нов тренер на Реал Мадрид, но и без …