Менаџерот на Вест Хем Славен Билиќ би можел веднаш по Роналд Куман да биде следниот менаџер во Премиер лигата кој ќе заработи отказ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Чеканите“ изминатиот викенд запишаа убедлив пораз од Брајтон со 3:0 и се наоѓаат на 16 место на табелата во Премиер лигата со само осум бодови од девет натпревари во Премиер лигата.
Англиските медиуми утрово пренесуваат дека само прашање на време е кога Билиќ ќе биде отпуштен, а како главен кандидат за негов наследник е актуелниот менаџер на Зенит, Роберто Манчини.
На Манчини во овој момент одлично му оди со Зенит во руското првенство, но нема соменвање дека враќање во Англија за Италијанецот би била примамлива опција.
Да потсетиме, Манчини со Манчестер Сити стигна и до шампионската титула во Премиер лигата.