Претседателот на Пари Сен Жермен и Европската клупска асоцијација (ЕКА) Насер Ал-Келафи ја пофали имплементацијата на новиот систем на европските натпреварувања.
Од оваа сезона имаме можност да гледаме револуционерно издание на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската Лига. Тимовите повеќе не се поделени во групи, туку како што сите знаеме, има само една група и секој тим игра осум натпревари против различни противници..
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
“Мислам дека ова е формат кој донесе напредок во однос на минатиот. Напредок за сите. Погледнете ја табелата, медиумите, фановите… Погледнете ги резултатите на тимовите. Поинтересно е, има повеќе изненадувања и ангажираност. Конечно, она што сите го забораваат, 440.000.000 евра се распределуваат врз основа на солидарност. Тоа оди на тимовите кои дури и не играат во натпреварувањето”, рече Ал-Келафи.
Останува да се види дали истото ќе го зборува и по завршувањето на првиот дел од сезоната бидејќи неговиот Пари Сен Жермен во моментов е 25-тим на табелата и прашање е дали ќе се пласира во продолжението на натпреварувањето..