Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на мастерсот во Париз, кој ќе се одржи од 28 октомври до 3 ноември, а постои можност да не настапи ниту на завршниот турнир во Торино.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ од претходно најави дека нема да биде дел ниту од АТП-турнирот во Белград, а како што стојат работите тој нема да учествува ниту на завршниот турнир во Торино закажан за следниот месец.
Новак неодамна го освои третото место на егзибицискиот турнир „Слем на шесте кралеви“ во Ријад, каде по победата над Рафаел Надал изјави дека ќе одлучи дали и каде ќе игра до крајот на сезоната.