Репрезентацијата на Србија е во потрага по нов селектор откако Борис Ројевиќ не успеа на вистински начин да го замени Тони Џирона.
Според последните информации од српскит медиуми, прв кандидат е Момир Илиќ, но се споменува и Раул Гонзалес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во овој момент екс-тренерот на Вардар го води ПСЖ, па засега не изгледа реално да го преземе францускиот гигант. Наводно во игра е и ракометната икона Талант Душебаев кој го води Киелце.
Србија ја очекуваат квалификациите за Европското првенство, а нив ќе ги започне со натпреварот против Летонија на 6 ноември.