Дома Трансфер зона Шаќири се враќа во Европа и ќе игра со тројца Срби?

Шаќири се враќа во Европа и ќе игра со тројца Срби?

Искусниот швајцарски интернационалец, Џердан Шаќири би можел ова лето да се врати во Европа и да потпише за тимот на Панатинаикос.

Порталот „СДНА“ кој важи за близок до Панатинаикос најави дека Шаќири е приоритет на „зелените“, додека идентични информации дека Шаќири сигурно заминува од Чикаго Фајр објавија и некои швајцарски медиуми.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шаќири има 32 години, а во саботата беше елиминиран од Европското првенство со Швајцарија по изведување на пенали против Англија.

Интересно е и што ако потпише за Панатинаикос Шаќири ќе игра со тројца српски фудбалери (Филип Младеновиќ, Филип Ѓурикиќ и Немања Максимовиќ), а познати се неговите провокации во натпреварите со Србија.

Пред Чикаго Фајр, Шаќири играше за: Базел, Баерн, Интер, Стоук, Ливерпул и Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо го носи Де Брујне во Ал Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да …