Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра на „Олимпико“ помеѓу Рома и Милан.
Де Роси ја препороди Рома
Рома во првиот меч успеа да го изненади Милан и да победи на „Сан Сиро“ со 1:0, па со голема предност се врати во Рим, иако знае дека ништо уште не е завршено.Рома се наоѓа во исклучителна форма, има само еден пораз на последните 12 меча, па овој меч доаѓа во одличен момент за Лукаку и дружината. Поради тоа сега „волчицата“ ја има улогата на фаворит, а особено добро игра на домашен терен.Рома многу лошо ја отвори сезоната и после првите неколку кола беше јасно дека „волчицата“ нема да се замеша во трката за Скудетото. Цената за слабите резултати ја плати Жозе Мурињо, кој доби отказ па на негово место седна легендата Де Роси. Тоа донесе позитивни промени и Рома заигра многу подобро и помотивирано со новиот тренер. Минатата сезона Рома играше во финалето, па сега целта сигурно е да се повтори тој успех.
Милан не се предава
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан се наоѓа во одлична форма и немаше пораз долго време, но против Рома го одигра еден од најслабите натпревари и загуби на домашен терен. Треба да се напомене дека „росонерите“ немаа среќа, промашија многу шанси, па сигурно не се предаваат. Милан два пати ја победи Рома во Серија А, во последно време има одлични резултати на „Олимпико“, па тоа му ја поткрева самодовербата пред овој меч. Сега целта е да се стигне до финалето на ова натпреварување, а со оглед на фактот дека во Серија А се далеку од Скудетото, ова е единствена шанса за трофеј. За овој меч се враќа Томори во одбраната, а Пиоли нема проблем со повредени фудбалери и сигурно ќе се надигрува и оди во Рим за да победи, иако против ваква Рома тоа ќе биде тешко.
Очекување
Очекуваме отворен дуел без калкулации помеѓу два тим со одлични напади, па веруваме дека ќе има голови на двете страни.